ВИДЕО: Кога новинарот му откри што се случува, Мурињо почна да се смее!

Фото: Принтскрин/Youtube

Еден интересен момент се случи на онлајн прес-конференцијата на Тотенхем пред утрешниот дерби натпревар против Ливерпул.

Овој дуел ќе се игра од 21.00 часот на стадионот „Енфилд“, а играчите на менаџерот Жозе Мурињо ќе се обидат да ги запрат актуелните шампиони во борбата за првото место на табелата.

Во своите два претходно меча од Премиер лигата, лондонскиот клуб ремизираше кај Кристал Палас (1:1), а со истиот резултат Редси одиграа нерешено со Фулам на гостински терен.

Во текот на пресот Мурињо слушна еден необичен звук, а потоа новинарот од другата страна му рече дека е вклучена машината за перење.

На крајот, португалскиот стратег само се насмеа..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот