ВИДЕО: Кога Меси игра, Барселона победува

epa09034555 FC Barcelona's striker Lionel Messi (2-L) celebrates with teammates after scoring the 3-0 goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Elche CF held at Camp Nou stadium, in Barcelona, Spain, 24 February 2021. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Фудбалерите на Барселона го совладаа Елче со 3:0 во заостанатиот натпревар од Ла Лига.
Фудбалерите на Барселона се вратија на победничките патеки во Ла Лига по ремито со Кадиз и сега имаат осум победи во последните девет натпревари во шпанскиот шампионат. Со 50. бодови, Барселона е трета на табелата со пет бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

Во првото полувреме каталонците се мачеа да го пробијат бункерот на Елче, но затоа надополнија во вториот дел. Лионел Меси во 48. минута го отвори резултатот по асистенцијата на Мартин Брајтвајт, за во 69. минута, Аргентинецот да зголеми и на 2:0. Конечниот резултат го постави Жорди Алба четири минути подоцна.
Во наредното коло, Барселона ја очекува тешко гостување кај Севиља, додека Елче и гостува на Гранада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот