ВИДЕО кое ги мобилизираше добрите луѓе: Учениците Мите и Катерина од село Стрновац ќе добијат компјутери за настава

Откако преку социјалните мрежи беше објавено видеото на „Види вака“ за двајцата средношколци од кумановското село Стрновац како мака мачат со онлајн наставата без комјутер и стабилен интернет, се пријавија многу луѓе за да им помогнат.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството.

-Воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите. Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства, напиша Димитриевски.

Мите и Катерија Димишковски се двајца средношколци кои живеат во тешки услови во куманското село Стрновац и посакуваат единствено лаптоп компјутери за да можат да се вклучат активно во онлајн наставата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот