ВИДЕО | Коцев: Кога застанав на празната сцена во МНТ, почуствував како да сум го изгубил својот втор дом

Еден од најуспешните македонски театарски и филмски актери, Сашко Коцев вели дека му е жал што ја нема директната врска со публиката која се случува само во театарот. Тој на социјалните мрежи напиша:

„76 години МНТ. За жал, сега само носталгија за преполно гледалиште и силно осветлена сцена – нашата животна арена“.

– Да, ова го напишав откако пред некој ден влегов на сцената, ја видов празна, и почуствував како сега да живеам некој друг живот, како со сила да си го сменив животот, еден втор дом којшто е сцената, сега, едноставно го нема. Инаку не е само Македонскиот народен театар без претстави, без публика, така е во повеќе театри. Ние во октомври тргнавме со репертоар, но заради оваа пандемија немаше публика. Ние најдовме начини како да се заштитиме, има начини и за публиката да се заштити, но едноставно луѓето беа совесни за целата опасност од ширењето на вирусот и за неговата вирулентност и немаше доволно публика. Потоа бројот почна да се зголемува, но мораше да прекинеме. Да, некои од театрите во соседните земји работат, но знаете дека работат со ризик.“, вели Коцев.

– Така, во април и мај, еден од белградските театри направи голем кластер, имаше и трагедии, директорот сакаше да си даде оставка од морални причини. Сите се изложени на ризик, а најмногу актерите. Еве Филхармонијата може да работи, публиката е на дистанца, музичарите се на дистанца и што е многу важно не треба да ја извадат маската. Ние имаме претстави во коишто има 25 или 30 актери и тоа е невозможно. Начините кои се изнајдоа се некои форми, но кои се тие најефективните, најуспешните, кои се најблиску до она што се вика театар – не знам, рече Коцев.

– Не верувам тие кои ги има се најправилните, затоа што суштината на театарот е публиката, која седи во гледалиштето ѕирка во нечии туѓи животи, тоа е една основите да се гледа некаде таму и да се доживее нечија среќа или несреќа. Онлајн претставите не можам да ги прифатам како дел од театарот, вели за Утрински брифинг актерот Сашко Коцев. Тој рече дека се’ уште е неизвесно во каква форма ќе се одржува манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, иако е извесно дека сепак ќе се одржи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот