ВИДЕО: Клоп се изнасмеа, изгледаш како Пабло Ескобар!

Фото: принтскрин/твитер

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул уште го оправда епитетот голем шегаџија надвор од фудбалскиот терен.

Тој синоќа после триумфот над екипата на Митјиланд (2:0) во Лигата на шампионите дојде на договорено интервју и веднаш започна да се шефува со еден бразилски новинар.

Германскиот стратег веднаш ги забележа мустаќите на Бразилецот:

– Имаше некој колумбиски филм за нарко-дилер. Личиш малку на него – беа зборовите на Клоп.

Новинарот одговори дека станува збор за Пабло Ескобар, а менаџерот на „црвените“ веднаш се изнасмеа.

– Само да знаете, изненадувачки имам девојка без оглед на овој изглед – истакна новинарот.

Клоп само додаде дека тоа можеби има некоја врска со мустаќите, но не е сигурен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот