ВИДЕО | Клоп поради ова е бесен: Дефанзивците на Ливерпул само „гледачи“ при голот на Невес

Фото: Twitter

Ливерпул им приреди ново разочарување на навивачите откако вчера беше поразен од Вулверхемптон со 3:0.

„Црвените“ играат очајна сезона, тоа не го криеше и Јирген Клоп кој по натпреварот истакна дека нема објаснување за лошата игра на неговиот тим. Посебно лошо изгледаше одбраната на Ливерпул при третиот гол на Вулвс кој беше дело на Рубен Невес, асистираше Адама Траоре.

Траоре ја покажа својата брзина, меѓутоа кога ја испрати топката кон Невес дефанзивците на тимот на Клоп беа само „гледачи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот