ВИДЕО | Кливленд ја постигна 12. последователна победа во НБА-лигата

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Кливленд го победија Чикаго со 119:113, ја постигнаа 12. последователна победа и останаа единствената непоразена екипа во американската професионална кошаркарска лига (НБА) сезонава.

Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој започнал сезона со 12 последователни победи и постигнати најмалку 100 поени во 11 натпревари. Тоа е најдобриот почеток на сезоната од 2015/2016 година, кога Голден стејт имаше 24/0, а сезоната ја заврши со учинок од 73/9, што е и рекорд во НБА.

Донован Мичел ги предводеше Кавалирс со 36 поени, осум скокови, четири украдени топки и две асистенции.

Дариус Гарланд постигна 17 поени со пет асистенции и четири украдени топки, Еван Мобли имаше 15 поени и 11 скока, а Карис Леверт, Џорџ Нианг и Тај Џером додадоа по 12 поени.

Во тимот на Чикаго, кој загуби по петти пат во последните шест натпревари, најефикасен беше Зек Левин со 26 поени. Никола Вучевиќ додаде 20 поени и осум скока, Коби Вајт 20 поени, седум скока, шест асистенции и четири скока, а Џош Гиди 18 поени, осум скока и седум асистенции.

НБА лига, резултати

Чикаго – Кливленд 113:119
Хјустон – Вашингтон 107:92
Њу Орлеанс – Бруклин 105:107
Оклахома – ЛА Клиперс 134:128
Сан Антонио – Сакраменто 116:96

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот