ВИДЕО: Кливленд го победи Торонто и ја продолжи победничката серија

Фото: Cleveland Cavaliers

Екипата на Кливленд игра во фантастична форма и продолжи да реди победи во НБА лигата, а последен пат беа поразени на 9 декември од тогаш се во ерија од 12 триумфи во низа.

Изминатата вечер беа подобри од Торонто со 132:126, но до победата не стигнаа лесно. Рапторс со водство од 103:98 влегоа во последните 12 минути, но таму Кливленд беше подобар и успеа да направи пресврт.

Торонто пред крајот дојде на еден кош разлика, меѓутоа нивните надежи згаснаа кога Гарланд погоди тројка.

Гарланд беше и најефикасниот на натпреварот со 40 поени и девет асистенции, Мобли уфрли 21 со 11 скока и шест асистенции. На спротивната страна Скоти Барнс се издвои со 24 поени, 10 скока и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Торонто 132-126
Детроит – Голден Стејт 104-107
Орландо – Минесота 89-104
Далас – Портланд 117-111
Мемфис – Хјустон 115-119
Феникс – Атланта 123-115
Јута – Мајами 92-97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот