ВИДЕО: Клиперси се вратија во игра, Бруклин на една победа од пласман во следната рунда

epaselect epa09228240 LA Clippers forward Kawhi Leonard (L) in action against Dallas Mavericks forward Maxi Kleber (2ndL) and Dallas Mavericks forward-center Kristaps Porzingis (2ndR) next to LA Clippers center Ivica Zubac during the third quarter of the game 2 of the NBA playoffs between the Dallas Mavericks and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 25 May 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

По двата порази на домашен терен, кошаркарите на ЛА Клиперс успеаја да израмнат на 2:2 во победи против Далас откако славеа на двата меча во Тексас. Во вториот натпревар кој се играше во Далас, Клиперс победи со 106:81.
Клиперси прашањето околу победникот го решија уште во првото полувреме и успеаја да ја вратат предноста на домашен терен пред петтиот наптревар кој се игра в среда.
Тие на полувреме заминаа со предност од 16 поени, а во второто полувреме предноста ниту еднаш не ја намалија на едноцифрена разлика.

Олеснителна околност им беше тоа што најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ играше повреден, се жали на повреда на вратот и неговиот настап во петтиот натпревар е под знак на прашање.
Каваи Ленард беше најдобар кај ЛА Клиперс со 29 поени и 10 скокови, Пол Џорџ постигна 20, но главната сегмент од играта кој им ја донесе победата беше одбраната. Тие успеаја да го спуштат Далас на само 34 проценти успешност на шутот.
Дончиќ беше најпрецизен кај Далас со 19 поени.

Бруклин нетс дојде на само една победа од пласман во следната рунда од плеј-офот откако славеа со 141:126 како гости против Бостон и поведоа со 3:1 во победи.
Навивачите на Бостон му приредија кошмарен пречек на Кајри Ирвинг кој минатата година играше за селтикси, но гаѓањето со шише само го налути бекот на Бруклин кој средбата ја заврши си 39 поени и 11 скокови.
Клучната предност, играчите на Бруклин ја создадоа во втората четвртина кога дојдоа до двоцифрена предност, за во третата да имаат дури 27 поени разлика со што беше решено прашањето на победникот. Најефикасен кај Бруклин беше Кевин Дурент со 42 поени, додека Џејмс Харден постигна 23 поени и имаше 18 асистенции. Во редовитена Бостон, најдобар беше Џејсон Тејтум со 40 поени.

Шампонот ЛА Лејкерс загуби пред своите гледачи со 92:100 од Феникс санс и сега серијата е израмнета на 2:2 во победи.

Со оваа победа,  Феникс го врати брејкот, а дополнителни грижи на шампионот му создава повредата на Ентони Дејвис кој на теренот помина 19 минути.
Крис Пол го предводеше Феникс со 18 поени, Букер и Краудер постигнаа по 17, а Ејтон имаше дабл-дабл од 14 поени и 17 скокови.
Кај Лејкерси најдобар беше Леброн Џејмс со 25 поени и 12 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот