ВИДЕО: Клиперси го изненадија Денвер, „биковите“ пресилни за Детроит

Нагетси не ја оправдаа фаворитската улога против Лос Анџелес клиперс/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на ЛА Клиперс на домашен терен го победија Денвер со 87:85 и покрај новата одлична партија на Никола Јокиќ, кому во ефикасноста му се придружи Арон Гордон. Сепак, домаќините со одлична тимска игра успеаја да ја анулираат нивната ефикасност.

Екипата на Денвер одлично влезе во мечот на гостувањето во Лос Анџелес, а предводени од Јокиќ и Гордон ги добија првите два дела од натпреварот, заминувајќи со двоцифрена предност на полувремето, па се чинеше дека ќе дојде до нова победа.

Сепак, домаќините ја презедоа иницијативата во тимската игра и го доведоа натпреварот во неизвесна завршница која ја претворија во конечна победа.

Како најефикасни со двоцифрен учинок мечот го завршија Арон Гордон и Никола Јокиќ. Гордон имаше 30 поени, 12 скока и една асистенција, а Јокиќ 21 поен, 13 скока и 8 асистенции, но тоа не му помогна на нивниот тим.

Нивниот одличен настап беше анулиран со одличната тимска игра на Клиперси во која пет играчи имаа двоцифрен учинок, предводени од Амир Кофи со 18 и Џексон и Ман со по 13 коша.

Чикаго булс ја остварија една од најубедливите победи сезонава, победувајќи го Детроит со дури 46 поени разлика со 133:87, а Њу Орлеанс ја победи Минесота со тројка од 128:125 со тројка на Брендон Инграм во последната секунда.

НБА лига, резултати –

Вашингтон – Оклахома 122:118
Торонто – Феникс 95:99
Чикаго – Детроит 133:87
Мемфис – Голден Стејт 116: 108
Њу Орлеанс – Минесота 128:125
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 87:85

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот