ВИДЕО: Китови се заглавија на плажите во Нов Зеланд, спасувачи и волонтери се обидуваат да им помогнат

Мал кит / Фото: Архива

Десетина китови загинаа, а бројни други останаа заглавени на песочнатата плажа пред новозеландскиот Јужен брег и покрај напорите да се вратат во морето, објавија тамошните власти.

Откако во понеделникот масовно се заглавија на плажите, китовите при доаѓањето на плимата за време на ноќта успеале да се вратат во водите, за потоа повторно да бидат пронајдени на друга плажа во вторникот наутро. Околу 28 китови се живи, додека околу 15 од нив загинаа.

„Моментално, не знаеме дали со доаѓањето на плимата, заглавените китови ќе можат повторно да отпливаат. Ќе го знаеме тоа за неколку часа“, рекол портпаролот на новозеландското министерство за заштита на природата.

Спасувачите кои настојуваат да им помогнат влегоа во водата со желба да ги охрабрат китовите да отпливаат. Околу 50 луѓе, вклучувајќи ги и волонтерите на организациите за заштита на околината специјализирани за спасување на водни цицачи, истражувачи и граѓани, пробуваат да им помогнат на китовите повторно да пливаат.

Минатата година речиси 100 китови и делфини загинаа откако масовно се заглавија на брегот на околу 800 километри од новозеландското источно крајбрежје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот