ВИДЕО: Кит со должина од 19 метри исфрлен на брегот на Камчатка

unsplash

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа огромен починат кит. Видеото беше објавено на профил на локален рибар кој сакал да ја прошири веста за исфрлениот кит.

Настанот се случил на брегот на полуостровот Камчатка во Русија, кој лежи меѓу Тихиот океан и Охотското море.

Собраните луѓе го измериле животното, чија должина од опашката до главата била цели 19 метри. Не се знае точното време кога е снимено видеото, на кој вид точно китот или која е точната причина за неговата смрт.

Според очевидци, китот бил исфрлен на брегот од огромните бранови кои достигнувале висина и до 10 метри за време на силна бура која го зафатила тој предел.

Дури и таквите животни не можат да го преживеат ова време. Многу голем. Изгледа не е син кит, веројатно е грбав кит“, коментира снимателот.

По потресното видео, се очекува реакција од научниците кои би требало да утврдат дали станува збор за еден од најдолгите грбави китови виден до сега и која е причината за неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот