ВИДЕО | Кипровски: Победата на Фокус купот е круна на мојата кариера

Бранко Кипровски, тркач/Фото: Слободен печат

Бранко Кипровски е наш тркач во Англија, кој победи во многу важен куп во автомобилската спорт, Фокус Купот, гостуваше во денешен Утрински брифинг.

-Трката на Крофт ја извозев на мојот роденден и многу ми значеше. Се подготвив како што треба, заедно со мојот менаџер. Рене Робертсон мојот ментор исто беше на теренот. Се подготвував онлајн, тоа е патека што ја возев во 2019 година. Значи, немав возено пет години, вели Кипровски за Утрински брифинг.

-Ова е круната на мојата кариера. Кога работите со професионалци се поедноставува работата. Сѐ она што мора да се помине на терен може да се помине онлајн. Се штеди финансиски, а резултатите доаѓаат, вели Кипровски.

Тој вели дека сите знаат дека во Обединетото Кралство се стационирани сите големи клубови и тоа е земја која е срцето на мотоспортот и дека бил свесен дека ако појде таму резултатите ќе стигнат.

Кипровски стасал во Англија со виза за спортист. Имал среќа во 2019 да биде препознаен од врвни професионалци.

Автомобилизмот е најскап спорт и мора да се работи со спонзори. Годинава имав среќа да рекламирам битна компанија.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот