ВИДЕО: Кина прави супер војник за да владее со светот
Според директорот на Националната разузнавачка служба на САД, Џон Ратклиф, целта на Кинезите е да направат војник кој биолошки ќе биде напреднат.
Кина сака да ги собори Соединетите држави и да стане господар на светот, а тоа претставува најголема закана за Вашингтон, изјави Ратклиф.
DNI John Ratcliffe tells @CBS_Herridge every U.S. household loses up to $6,000 a year from China’s economic espionage:
“China is an economic threat and a technological threat. And that’s something that the United States hasn’t had to deal with before” https://t.co/cCiYrAiljg pic.twitter.com/1WhJIM9mAQ
— CBS News (@CBSNews) December 3, 2020
Ратклиф нагласи дека Кина е одговорна за кражба на интелектуална сопственост и економска шпионажа и додаде дека тоа ги чини САД 500 милијарди долари годишно.
Тој во коментар за Волстрит журнал рече дека Кина претставува најголема закана за Америка денес и е најголема закана за демократијата и слободата низ целиот свет од Втората светска војна. Наш предизвик е да се спротивставиме на обидите на Пекинг да го промени и доминира светот, напиша Ретклиф во коментар за Волстрит журнал.
Директорот на разузнавачката служба на САД исто така го обвини Пекинг дека прави супервојници односно спроведува експерименти врз припадници на војската со цел да развие воени сили со подобрени биолошки можности. Нема етички граници во потрагата по моќ на Пекинг, тврди Ратклиф.
Тој додаде дека кинескиот претседател Си Џинпинг има план таа земја да ја направи најсилната воена сила во светот.
Тој исто така ги опиша операциите во кои кинеските агенти користеа економски притисок за да влијаат или да ги компромитираат американските законодавци.
„Кинеските лидери се обидуваат да ги потчинат правата на поединецот на волјата на Комунистичката партија“, рече Ретклиф.
Тој исто така ги опиша операциите во кои кинеските агенти користеа економски притисок за да влијаат или да ги компромитираат американските законодавци.
„Кинеските лидери се обидуваат да ги потчинат правата на поединецот на волјата на Комунистичката партија“, рече Ретклиф.