ВИДЕО | Кин: На навивачите им е доста, готово е со сегашните сопственици на Јунајтед!

epa09173888 Demonstrators stand outside the entrance of Old Trafford during a protest against the Glazer family ahead of the English Premier League soccer match between Manchester United and Liverpool FC in Manchester, Britain, 02 May 2021. EPA-EFE/TIM KEETON

Легендарниот Рој Кин јасно стави до знаење дека ги поддржува навивачите на Манчестер јунајтед…

Тие денеска упаднаа на стадионот „Олд Трафорд“, барајќи заминување на семејството Глејзер од клубот.

– Дојде до пресвртница. На навивачите им е доста. Јунајтед ги има едни од најдобрите навивачи на светот. Денеска видовме дека мислат дека е готово со сегашните сопственици – рече Кин.

Од 17.30 часот требаше да стартува дербито на колото во Премиер лигата помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Несогласувањата со американските сопственици траат повеќе од 15 години, а ситуацијата кулминираше по неуспешното создавање на Европската Суперлига.

Натпреварот е одложен и сè уште не е познато дали ќе се игра во текот на денешниот ден или ќе биде презакажан за некој друг ден.

 

Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат трансформација на Манчестер според германскиот модел 50+1, така што навивачите ќе го задржат мнозинскиот пакет акции на клубот, што значи дека не може да се донесе одлука без нивна дозвола.

Сè уште не е познато кога ќе се одигра натпреварот, тој не е официјално откажан, но физички е невозможно да се игра бидејќи играчите на двата клуба се заробени во хотелите кои исто така се окупирани од незадоволните навивачи.

„Јаху Спорт“ известува дека судијата на натпреварот, Мајкл Оливер, е заробен во автомобил и дека нема шанси да пристигне на стадионот во догледно време.

Градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер сити може да стане шампион на Англија доколку играчите на Оле Гунар Солскјер го загубат овој меч, а тоа може да се случи на зелената маса доколку не се одржи дербито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот