ВИДЕО | Ким Кардашијан се огласи по обвинувањата дека го оштетила култниот фустан на Мерлин Монро

Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан одговори на обвинувањата дека го оштетила култниот фустан на Мерлин Монро што го носеше на овогодинешната Мет Гала.

За потсетување, колекционерот Скот Фортнер објави дека фустанот е растегнат и дека недостасуваат кристали. Тој смета дека Кардашијан го носела поради „публицитет“.

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

ФОТО | Протече фотографија која е доказ дека Ким Кардашијан го уништила култниот фустан на Мерилин Монро

Ким Кардашијан е обвинета дека „трајно го оштетила“ култниот фустан на Мерлин Монро

„Во медиумите се појавија информации дека фустанот е оштетен. Претпоставувам дека тоа не е точно?“, праша Хода Котб, водител на емисијата „Today“.

„Не. Тимот на Рипли и јас се погриживме сè да биде добро. Фустанот го облеков со помош на асистенти кои носеа заштитни ракавици”, одговори Ким.

Таа додаде дека на Мет Гала дошла во наметка и влечки. Фустанот го облекла непосредно пред да се појави на црвениот тепих.

„Го носев околу три или четири минути. Ја почитувам Мерлин. Знам колку овој фустан е значаен за американската историја”, заклучила таа.

Музеј кој го чува култниот фустан на Мерлин Монро: Ким Кардашијан не го оштети

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот