ВИДЕО | Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица

Фото;. mia.mk

Вечерва во 19 часот, камиони, цистерни, шлепери и други товарни возила, упатени кон Граничниот премин „Богородица“, создадоа километарска колона која завршуваше некаде кај делницата за Мрзенци.

Имено, грчките власти воведоа нова мерка за влез во нивната земја, односно брзи ПЦР тестови за сите возачи на камиони на граничните пунктови.

Бугарија веќе реагираше за оваа ненајавена мерка од грчките власти и побара да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница. Според Бугарија, ова е во спротивност со регулативите на ЕУ.

Бугарија бара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот