ВИДЕО | „Кијану Ривс е мојот биолошки татко“: Ѕвезда на „ТикТок“ тврди дека е син на холивудскиот актер

Дастин Тајлер, Кијану Ривс
Кијану Ривс и Дастин Тајлер / Фото: ЕПА-ЕФЕ/Принтскрин „Инстаграм“

Познатата американска ѕвезда на социјалната мрежа „ТикТок“, Дастин Тајлер тврди дека холивудскиот актер Кијану Ривс е негов татко.

Иако сличноста со актерот е очигледна, многумина сепак не веруваат во приказната што ја Дастин ја објави на својот тикток-профил, а тоа е дека никогаш не го запознал својот татко, бидејќи мајка му му рекла дека починал.

@omfgitsdustintyler

#foryou #fyp

♬ original sound – Sarah Cothran

Сепак, како што раскажа, неодамна мајка му конечно му признала дека актерот му е татко.

„Никогаш не реков дека татко ми ме оставил, туку дека мајка ми не му кажала дека е бремена кога раскинале“, открива тој.

Холивудскиот актер засега не ги коментираше видеата кои ги преплавија социјалните мрежи.

Кијану пред 22 години доживеа голема трагенија откако неговата партнерка Џенифер Фер во осмиот месец од бременоста предвреме го роди девојчето Ава Арчер Фер Ривс, која кратко потоа почина. Трагедијата силно ги погоди, па по неколку недели Џенифер и Кијану се разделија.

Во април 2001 година, Џенифер загина во сообраќајна несреќа. Медиумите пишуваат дека таа во тој момент била под дејство на седативи кои ѝ ги препишал нејзиниот лекар поради депресијата од која боледувала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот