ВИДЕО| Кичевски: Планираме да поставиме вендинг машини низ цел Центар, од лани досега се рециклирани 300.000 шишиња

Паркинзи на Општина Центар прави подготовки за реализација на едно од ветувањата на градоначалникот на Центар.  Претпријатието во иднина ќе врши услуги и за одржување на хигиената во општина Центар, рече денеска во Утрински брифинг директорот на ПОЦ, Васко Кичевски.

– Јавното претпријатие ја започна функционалната анализа за подготовка на превземање на дејноста за одржување на хигиената на територија на Општина Центар. За тоа да се спроведе ќе бидат потребни неколку месеци, како и целосна анализа за кадарот кој ќе биде потребен, односно целосно реструктуирање. Ако сакаме да имаме подобра хигиена, ќе мора да го смениме начинот на кој досега се одржуваше хигиена. Сепак, се уште е рано да кажам кога ќе стартуваат овие измени, рече Кичевски.

Дел од опремата, односно метларките кои се потребни за функционирање на службата за хигиена е веќе набавена.

– Чекаме да стигне цистерна за чистење на улиците, и една помала метларка за чистење на пешачките зони. Оваа зима нема да можеме да ја опфатиме и зимската служба, но од следните години не ја исклучуваме и можноста да ги чистиме од снег улиците во Центар. Засега на товар на јавното претпријатие ќе бидат двата најголеми проблеми во Центар, паркирањето и хигиената, додаде Кичевски.

Една година по ставањето во функција на вендинг машините, Кичевски информира дека во процесот се вклучиле 3.000 луѓе, а рециклирани се 300.000 шишиња.

– Нашата цел е да стигнеме до 15.000 картички. Планираме да ставиме дополнително уште 13 нови машини, па од досегашните 11 ќе имаме 24 вендинг машини со што ќе ја покриеме целата територија на Општина Центар. На тој начин ќе ја зголемиме и мрежата и бројот на рециклирани шишиња. За шишињата од половина литар се враќаат 0,5 денари, а за најголемите шишиња 1,5 денар. Финансирањето е од страна на Општината. Се обидуваме да најдеме начин да ги вклучиме во проектот и луѓето кои не се жители на Центар, тоа ќе биде наша следна цел, додава директорот на ПОЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот