ВИДЕО: Кепа е херојот на „сините“, Челси го освои УЕФА Суперкупот

Втор трофеј за Челси во УЕФА Суперкупот/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Вечерва во Белфаст (Северна Ирска) во УЕФА Суперкупот триумфираше екипата на Челси на пенал со 6:5 против Виљареал.

Во текот на првото полувреме во 27 минута Зијеш им донесе водство на лондонските „сини“ после асистенцијата на Хаверц. Шпанците успеаја во 73 минута да дојдат до израмнување, Диа убаво го пронајде Морено кој ја затресе мрежата на Англичаните.

Немаше погодоци во двете продолженија од по 15 минути, па победникот го дознавме по ударите од белата точка.

Непосредно пред крајот на второто продолжение Кепа Аризабалага влезе во игра како замена за Едуард Менди што се покажа како прав потег на менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Кепа двапати излезе како победник, и тоа против Манди и Албиол по што следуваше големата радост на актуелниот европски шампион.

Ова е втор трофеј за Челси во ова натпреварување, првиот го освои во далечната 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот