ВИДЕО | Кекеновски: Случајот Реџепи треба да го испита собраниска анкетна комисија

Јове Кекеновски
Проф. д-р Јове Кекеновски/ Фото: Слободен печат

Оценка за овој период наназад по локалните избори и сите случувања што претходеа и следуваа како и дали може да сметаме дека се премавна една ургентна криза за Утрински брифинг даде проф. д-р Јове Кекеновски.

-Генерално добро е што спласна оваа криза и очекувам дека деновиве ќе преминеме во помирни води. Оваа ситуација беше испровоцирана од лидерот на партијата на власт кој го кажа тоа што го кажа во една емотивна ситуација. Мислам дека можеше да почека со оставката, и нормално тоа опозицијата да го искористи. Но и опозицијата избрза. Требаше прво да обезбеди потписи, па потоа да влезе во собранието да ја урива владата. Ако се сеќавате, и во времето на Љубчо Георгиевски беа киднапирани некои пратеници, кога требаше да се гласа доверба на неговата влада, вели Кекеновски за Утрински брифинг.

Левица беше партијата околу која се вртеше клучот за обидот за формирање ново мнозинството во парламентот, но не се успеа.

-Ајде ќе падне владата, но што понатаму? Требаше да имаме една широка коалиција, но се немаше желба и се остави простор сегашниве да продолжат, вели Кекеновски.

-Така е кога секој трга на своја страна. Во таква ситуација треба сите да воспостават заеднички приоритети и да тераат натаму. Приоритети требаше да бидат ЕУ и енергетската криза. Но на сите им беше целта да останат на власт или да ја урнат владата. И тука нема прогрес, додава тој.

Има барања во Преамбулата на Уставот да се внесат и Бугарите. Должина на таква операција дури и ако се надминат недоразбирањата не е еден или два месеца.

-Досега Уставот е отворан многу пати. Имаме над 30 амандмани за овие 30 години. Тоа е реткост. Уставите не смеат да бидат кочница на прогресот ама не смеат да бидат ни лист хартија на кој се прошируваат рамките кому како ќе му текне. По барање на Грција се оградивме од малцинствата. По линија на помал отпор беа ставени припадниците на другите народи во Преамбулата, па нормално дека Бугарите ќе бараат. Ама има и други народи. Затоа треба да се најде некое друго решение. Треба да ја најдеме суштината. Од друга страна, ако барате нешто треба и да дадете нешто. Не може Бугарите да негираат македонско малцинство, вели Кекеновски.

Македонскиот претседател исто така може да ги свика македонските здруженија од Бугариј, но тоа ќе се сфати како провокација.

-Секако дека ќе биде сфатено како провокација, ама не треба да биде. Тие треба да си ја покажат лојалноста кон нивната држава но се Македонци, вели Кекеновски.

Мицкоски со овие потези си ја потврди позицијата.

-Мислам дека на Мицкоски му претстои помирен период, ја стабилизираше својата позиција во партијата. Треба да расчисти со прислужниците на поранешните структури, да ја проветри партијата. Треба во редовна собраниска структура да побара да се формира анкетна комисија да се занимава со случајот Реџепи. Така има можност анкетната комисија да ја води опозицијата и вистината да излезе на видело. Вакви ситуации не може да ни се случуваат ако сме демократска земја. Со минималното мнозинство сѐ може да се случи, заклучува Кекеновски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот