ВИДЕО | Кекеновски: Нефункционалниот систем испраќа лоша порака – со украдени пари можете да си ја купите слободата

Се работи за голем скандал. Ова е уште еден чин од траги-комедијата која што трае подолго време со доаѓањето на оваа власт, која се обврза пред граѓаните дека сите кои сториле кривични дела и и нанеле зло на оваа држава ќе одговараат. Повеќе се дига врева, а практично ништо не се презема. Секој се обидува да се испере од својата одговорност. Повторно ми се потврдува констатацијата дека имаме нефункционален систем, дека имаме јасна спрега политичари, криминалци, судство, обвинителство полиција. И ова функционира непрекинато овие 15-20 години. Страшно е што се праќа негативна порака кон сите нас, а и кон генерациите што доаѓаат дека кога ќе дојдете на власт што можете повеќе украдете, за да можете да си ја купувате слободата на разни начини, да можете да преговарате да не бидете затворени, или едноставно да ви овозможат да се договорите да избегате во друга држава и притоа ништо да не ви фали, изјави проф. Јово Кекеновски кој додава дека не може да тврди дека се работи за договор за бегство на Мијалков, но има индиции дека има некоја соработка.
„Јас не можам да тврдам дека тој сам избегал или му дозволиле. Факт е дека инситуциите не функционираат, дека се троми и имаат неспособен кадар. Партизирана администрација, министерства, министри кои не се бираат по способност туку по послушност, водат кон ова да имаме ваков нефункционален систем“, смета Кекеновски.
Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот