ВИДЕО | Кејн испиша историја, Тотенхем го доби дербито со Сити

Фото: EPA-EFE/Isabel Infantes

Maнчестер Сити не го искористи киксот на Арсенал и вечерва загуби во дербито против Тотенхем со 0:1. Натпреварот го одлучи Хари Кејн кој со овој гол испиша историја во дресот на „петлите“.

Кејн ја погоди мрежата на Сити по само 15 минути игра и во тој момент стана најдобар стрелец на Тотенхем во сите натпреварување, надминувајќи го Џими Гривс кој постигна 266 гола. Се обидуваа „граѓаните“ да постигнат гол за изедначување меѓутоа не успеаа, па го запишаа четвртиот пораз во Премиер лигата.

Арсенал така останува на „плус пет“ и покрај тоа што со истиот резултат вчера изгуби од Евертон. Тотенхем со трите бода сега има 39 бода и е само на еден бод од топ 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот