ВИДЕО | Казнета инфлуенсерката што испече и изеде ајкула, снимајќи го целиот чин

Фото: Принтскрин/ Веибо/Твитер/

Блогерката за храна и инфлуенсерка од Нанчонг во југозападната кинеска провинција Сечуан е казнета со 125.000 јуани (18.431 долари) затоа што зготви и изеде заштитена ајкула, изјави локален пазарен инспектор.

Инфлуенсерката Џин, на социјалните мрежи позната како Тизи, ја купила ајкулата по цена од 7.700 јуани. Таа во април 2022 година, ја зготви и изеде ајкулата, а дури сето тоа и го сними.

Во јули, инфлуенсерката објави видео од готвењето и печењето на ајкулата на популарните видео платформи Kuaishou и Douyin.

„Можеби изгледа злобно, но месото е навистина супер меко“, рече таа во видеото.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Нејзиниот потфат предизвика бес кај кинеските онлајн критичари, при што многумина ја критикуваа блогерката дека бара внимание со нелегалното консумирање заштитени видови. Критичарите повикаа и на подобра заштита на дивиот свет.

Врз основа на идентификација на ДНК од примероци од ткивото, Истражувачкиот институт за рибарство во Јужното кинеско море на Кинеската академија на науки за рибарство верува дека ајкулата што ја изела Џин била голема бела ајкула, загрозен вид на кинеската Национална листа на заштитени диви животни.

Инфлуенсерка испекла и изела голема бела ајкула: Ѝ се закануваат 10 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот