ВИДЕО: Казнет млад скопјанец кој возел кола на пешачка патека во Градскиот парк

Фото: Твитер/принтскрин

20-годишен жител на Скопје бил казнет откако полицијата добила информации дека се движел со автомобил на патека за пешаци во Градскиот парк, соопшти полицијата.

Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неговото возење низ паркот.

„Денеска (22.05.2022) по претходно добиени информации дека околу 12.30 часот автомобил „опел корса” се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје“, велат од МВР.

Против П.Л. се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот