ВИДЕО | Катастрофално невреме во Истанбул: Четири лица загинаа, падна саат-кулата, летаа покривите

Невреме во Истанбул/ Фото: Јутјуб

Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 38 се повредени, јави агенцијата Анадолија.

Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин.

Причинета е и материјална штета. Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.
Три лица се наоѓаат во болница во критична состојба, соопшти турската агенција за управување со природни катастрофи (АФАД).

Во незапаметеното невреме се оштетени 33 покриви, 192 стебла се откорнати, 52 семафори се турнати, а оштетени се десетици и камиони автомобили.

Меѓу мртвите има една мајка која била излезена со своето дете и биле поклопени од кровна конструкција. Жената починала откако се обидела да го заштити детето од кровот, а детето е извадено и пренесено во болница. Во друга несреќа маж загинал додека се обидувал да го стегне кровот на својата куќа.

Босфор, тесниот пловен пат кој го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а траектните услуги се откажани.

Најмалку девет летови на Туркиш ерлајнс се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпарол на авиокомпанијата.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу им изрази сочувство на жртвите и ги повика жителите на градот да бидат внимателни, бидејќи ветриштата дуваат до 130 км/ч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот