ВИДЕО | КАТАР 2022: Аутсајдерите се пакуваат, фаворитите недопирливи во осминафиналето

Нејмар го делат уште три победи со Бразил до светската титула во Катар/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Осминафиналето на Светското првенство во Катар е пред самиот крај. Денеска, најпрво во 16, а потоа и во 20 часот ќе се заврши оваа рунда од мундијалот. Екипите на Мароко и Шпанија се двете екипи кои го отвараат овој мундијалски ден, додека пак Швајцарија и Португалија ќе го одиграат последниот дуел од осминафиналето.

Засега оваа рунда помина без никакви изненадувања, односно сите фаворити успеаја да победат и да се пласираат понатаму.

Но, денеска има најмногу шанси да се случи такво изненадување. Мароко како најголемото изненадување на ова првенство има шанси да изненади против екипата на Шпанија, а клучно ќе е како Мароканците ќе се справат со тактиката на Шпанија, која на противниците знае да им ја „скрие топката“.

Швајцарија е позната како аутсајдер кој знае како да им ги расипе плановите на фаворитите. Тоа го осети Франција на своја кожа на Европското првенство пред 2 години.

Љубителите на фудбалот со нетрпение ги чекаат дуелите во четвртфиналето, кои треба да продолжат од петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот