ВИДЕО | Каровска: Шокантни се одговорите на полицијата кога жените пријавувале родово базирано насилство

Од Осмомартовскиот марш за женските права во организација на Платформата за родова еднаквост беа упатени остри пораки до надлежните институции кои треба да постапуваат за да ги заштитат жените жртви на родово базираното насилство.

„Активистите симболично донесоа пресуда за институциите на системот кои упорно не постапуваат по поднесените пријави за родово базирано насилство, упорно не го расчистуваат случајот „Јавна соба“ и не ја подобруваат целокупната системска поддршка која треба да ја добијат преживеаните од родовото насилство за нивно целосно закрепнување и безбедно функционирање во општеството. За виновни ги најдовме сите оние кои имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на животот на жените и девојките, а не го прават тоа. Виновни се сите кои се платени да обезбедат заштита на жртвите. Одржавме и протестен марш и две прес конференции пред МВР и Јавното обвинителство симболично давајќи рок до 8 март, се разбира не очекувавме дека барањата ќе се исполнат, но очекувавме дека ќе видиме некакво поместување, за жал, тоа не се случи, рече Драгана Каровска во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Ние постојано правиме анализи, даваме поддршка да се зајакнат институциите, постојано се носат закони, подзаконски акти, стратешки документи, но не се постапува по нив. Меѓу останатите барања сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, за кое мислиме дека ќе даде посебна заштита на жртвите. Меѓутоа, не ни требаат заони ако не постапуваме по нив. Институциите мора да постапат по поднесените пријави, да се разреши случајот „Јавна соба“, а истовремено државата да инвестира во отворање на специјализирани центри во сите региони низ Македонија, а не само во Скопје. Можам да ви кажам дека во последните месеци е особено зголемен бројот на оние коишто бараат помош и поддршка. Но во институциите е многу ниска стапката на пријавено насилство затоа што жртвите немаат доверба во институциите на системот. Шокантните се одговорите првенствено на полицијата на жените што пријавувале насилство, едноставно постои непрепознавање на родово базираното насилство и непостапување“, вели за Утрински брифинг, Драгана Каровска, програмска раководителка во ХЕРА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот