ВИДЕО | Каролина Гочева го честита големиот празник: Мојата омилена среќно-тажна божиќна песна

каролина гочева
Каролина Гочева / Фото: Принтскрин Инстаграм

Нашата позната пејачка Каролина Гочева понесена од празничната еуфорија најде време да им го честита големиот христијански празник.

Гочева слободното време се обидува да го помине со своето семејството, своите најсакани и луѓето кои ѝ значат. Бројните обожаватели на најубавата Битолчанка со нетрпение ја очекуваат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, обидувајќи се да допрат до нејзиниот приватен живот колку што можат повеќе.

ФОТО | Каролина Гочева со емотивна објава за роденденот на нејзината мајка: Најважната жена во нашиот живот!

Така, пејачката вчера на својот инстаграм-профил споели празнично видео по повод славењето на Исусовото раѓање во прекрасен амбиент.

„Ви посакувам здравје, спокој и љубов во овие празнични денови! „Ѕвона“ е веќе ваша песна, па избрав една друга среќно-тажна празнична, моја омилена божиќна песна. Среќен Божиќ, Христос се роди!“, напиша пејачката во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Нејзините обожаватели и пријатели беа воодушевени од прекрасната изведба на Каролина на песната „River“ од Џони Мичел.

„На следен концерт да свириш и пееш“, „Единствена“, „Блазе им на комшиите“, „Со душа ти ги чекам овие видеа, одлична си“, „Почесто да те гледаме на клавир“, „Медитација“, се само дел од коментарите под видеото.

ФОТО | Нова година, нова фризура: Каролина Гочева изгледа како девојче со новиот имиџ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот