ВИДЕО: Кари подобар во МВП пресметката со Јокиќ

Најнови одлуки на Бруклин и Голден Стејт/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Натпреварот кој американските медиуми го најавија како пресметка помеѓу двајцата кандидати за МВП наградата, му припадна на Голден Стејт вориорс кој со 118:97 го совлада Денвер нагетс.
Стеф Кари го доби дуелот со Никола Јокиќ, постигна 32 поени притоа погодувајќи 11 од 18 шутеви, додека на спротивната страна, центарот на Денвер постигна 19 поени и имаше по шест скокови и асистенции.

Расел Вестбрук со нов трипл-дабл го одбележа натпреварот против поранешниот тим Оклахома сити тандерс. Во победата на Вашингтон која е четврта во низа, од 129:109, Вестбрук забележа 37 поени и имаше по 11 скокови и асистенции, а одлична помош имаше во Бредли Бил кој даде 33 поени.

Мемфис гризлис со 130:128 го совлада Портланд благодарение на слободните фрлања на Џексон во последната секунда. На 45. секунди до крајот на натпреварот, Мемфис имаше предност од 126:125, а по неискористените шанси на Портланд, Мелтон зголеми на 128:125. Лилард намали на минус два, но во последната секунда Џексон ја потври победата на Мемфис.
Џа Морант со 33 поени и 13 асистенции беше најдобар во тимот на Мемфис кој е осми во Западната конференција, додека Портланд по четвртиот пораз по ред, падна на седмото место.

Резултати:
Атланта – Мајами 118:103
Бруклин – Бостон 109:104
Шарлот – Кливленд 108:102
Хјустон – ЛА Клиперс 104:109
Оклахома сити – Вашингтон 109:129
Голден Стејт – Денвер 118:97
Портланд – Мемфис 128:130

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот