ВИДЕО: Кари не може сам, „трипл-дабл“ на Џејмс за Лејкерси!

леброн џејмс
ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Лејкерси потешко од очекувањата после едно продолжение успеаја да слават против Оклахома со резултат 119:112 доцна синоќа во НБА лигата.

Во петтата победа по ред оваа сезона на екипата од Лос Анџелес доминираше Леброн Џејмс кој стигна до „трипл-дабл“ од 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

Во редовите на Сити Тандер најдобро се истакна Шај Гилџус-Александер како прв стрелец со 29 поени, 10 асистенции и седум скока.

Спарси ги надиграа Вориорси со резултат 105:100 најмногу благодарение на Дехунте Мареј со 27 поени, 10 скока и дури осум украдени топки.

За Голден Стејт не помогна ни новото одлично издание на плејмејкерот Стеф Кари кој запиша 32 поени (шест тројки), следен од Кели Убре со 24 поени.

НБА, резултати –

Шарлот-Хјустон 119:94
Чикаго-Вашингтон 101:105
Мемфис-Торонто 113:128
Далас-Минесота 127:122
Сан Антонио-Голден Стејт 105:100
Феникс-Кливленд 119:113
Денвер-Милвоки 112:125
ЛА Лејкерс-Оклахома 119:112 (110:110)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот