ВИДЕО: Кари има одлична сезона, „кралот“ Џејмс доминираше против Детроит

Уште една блескава партија на Стеф Кари за Голден стејт вориорс/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден стејт синоќа во НБА лигата како гостин ја совладаа екипата на Лос Анџелес клиперс со 105:90 и така ја запишаа седмата победа по ред.

Вориорси до триумфот беа предводени од феноменалниот Стеф Кари кој постигна 33 поени, од кои 13 во последната четвртина, Ото Портер јуниор запиша 18 поени, а Џордан Пул кош помалку.

Најефикасен во редовите на Клиперси беше Пол Џорџ со 30 поени, а по 13 имаа Ерик Бледсо и Маркус Морис. Моментно „воините“ се на првото место во Западната конференција (18-2), а тимот од ЛА на петтата позиција (11-9).

Леброн Џејмс забележа 33 поени, девет асистенции во победата на Лос Анџелес лејкерс против Детроит на домашен терен (110:106). Расел Вестбрук додаде 25 поени, додека Ентони Дејвис придонесе со 24 поени и 10 скокови.

Кај поразените во редовите на Пистонси доминираше Џереми Грант со 32 поени. „Езерџиите“ се на осмото место на Западот (11-11), а играчите на Двејн Кејси се претпоследни на Истокот (4-16).

НБА лига, резултати –

Лос Анџелес клиперс – Голден стејт вориорс 90:105
Индијана пејсерс – Милвоки бакс 100:118
Мемфис гризлис – Сакраменто кингс 128:101
Торонто репторс – Бостон селтикс 97:109
Лос Анџелес лејкерс – Детроит пистонс 110:106

Видео на денот