(ВИДЕО) Каракачанов: Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат

фото Архива

За нив, вели Каракачанов, и Кирил и Методиј се Македонци, Цар Самоил бил Македонец, Св. Климент Охридски е Македонец, стигнаа дури до Александар Македонски.

Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до Договорот што го потпиша пред три години, како и дека не треба да се потпише нов договор.

– Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија. Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат – рече тој.

Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор – рече Каракачанов во интервјуто.

За нив, вели Каракачанов, и Кирил и Методиј се Македонци, Цар Самоил бил Македонец, Св. Климент Охридски е Македонец, стигнаа дури до Александар Македонски.

– Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти – рече Каракачанов.

Тој вели историјата да остане сама до 1944 година. Ова грозоморно фалсификување во учебниците по историја мора да престане, потенцира министерот, како и дека историјата на Македонија до 1944 година е бугарска историја, ова е позицијата на нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот