ВИДЕО | Капитол во САД блокиран: Пожар во близина на Конгресот, полицијата предупредува на опасност

Фото: Принтскрин

Густ облак од чад се крева од позади зградата на американскиот Капитол во Вашингтон, а објектот во кој се наоѓаат Конгресот и Сенатот веднаш е затворен.

Ен-Би-Си Њуз известува дека на луѓето кои се наоѓале во зградата им била испратена порака да се „држат понастрана од надворешните прозорци” или да „бараат засолниште” доколку се наоѓаат надвор од Капитол.

Весникот „Индипендент” наведува дека луѓето кои учествувале во подготовките за инаугурацијата на Џо Бајден биле евакуирани, а информациите за „безбедносната закана” биле објавени преку домофон.

Дел од медиумите јавуваат дека пожар избил во камп за бездомници што се наоѓал во близина на Капитолот, а безбедносните служби кои го обезбедуваат објектот наведувале дека не станува збор за вежба, пред инаугирацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, закажана за во среда.

Снимките на кои се гледа густ облак чад зад зградата во Капитол се шират на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот