ВИДЕО | Канје Вест под истрага за физички напад на обожавател: Раперот „исчезнал“ пред да дојде полицијата

канје вест
Канје Вест / Фото: Profimedia

Раперот Канје Вест е под истрага за физички напад на обожавател кој му побарал автограм, пренесува „Daily Mail“.

Имено, 44-годишниот рапер седел во својот автомобил, а по молбата на упорниот обожавател излегол од автомобилот и го нападнал. Го удрил и „исчезнал“ пред да пристигне полицијата.

Канје Вест бара средба со Путин: Раперот со јасна цел оди во Москва

Инцидентот се случил во три часот по полноќ во Лос Анџелес, пред ексклузивниот клуб „Сохо Вeрхаус“, откако еден oбожавател го видел Канје како седи во автомобил и му побарал автограм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Its a party❤️ (@viralparty222)

Обожавателот полицијата ѝ рекол дека раперот потоа излегол од автомобилот и го удрил, а потоа избегал. Случајот се истражува како прекршок за што е предвидена максимална казна од шест месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kkwlive

Раперот претходниот ден бил на вечера со својата нова девојка, актерката Џулија Фокс и уште неколку познати личности, меѓу кои Еван Рос, Мадона и Антони Браун.

Засега ниту Канје Вест, ниту неговите претставници за односи со јавноста немаат коментар во врска со овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот