ВИДЕО: Кандидатот за гувернер на Лос Анџелес нападнат со јајца

Кандидатот за гувернер на Лос Анџелес, Лери Елдер, нападнат од страна на демонстрант/ Фото Screeshot Youtube CBS News Los Angeles

Републиканскиот кандидат за гувернер Лери Елдер доби жесток пречек на улиците во Венис, Лос Анџелес, Калифорнија, откако тој беше нападнат од страна на жена која носи маска од горила на главата, пренесува Си-Би-Ес Лос Анџелес.

Како што може да се види на видеото, жената на велосипедот прво вербално го нападнала Елдер, а потоа фрли јајце кон него. Ни тоа не и беше доволно, па таа потоа физички го нападна човекот од неговата придружба.

Елдер, кој е и водител на популарно ток-шоу, беше присутен на закажаната турнеја низ кампот за бездомници како дел од неговата кампања, која станува се пожешка со наближувањето на изборите на 14-ти септември.

Веднаш потоа, републиканецот брзо влезе во паркираното возило и го напушти местото на инцидентот.

Полицијата по инцидентот рече дека истражува што се случило, а Елдер го опиша нападот како гнев на локалното население поради многу лошите услови и зголемениот број на бездомници во областа.

“Таму има многу гнев и несреќа. Луѓето се фрустрирани и сакаат нешто да се направи за бездомниците”, рече тој.

Видео на денот