ВИДЕО | „Камените риби“ претставуваат сериозна закана за невнимателните пливачи и нуркачи, но никогаш не напаѓаат намерно

Марк Винс, човекот кој стои зад популарната програма „Brave Wilderness“, на својот инстаграм-профил објави како ја убива озлогласената камен-риба, најотровната риба на светот.

Видеото кое во понеделникот стана популарно на Редит, на неупатените им објаснува дека камен-рибата создава длабоки рани кај жртвите користејќи сечилата кои се наоѓаат во нејзините пршлени, по што испушта смртоносен отров.

Винс во својата објава покажува и како изгледа отровот и предупреди дека камен-рибите не убиваат само во морињата, туку дека се опасни и за луѓето на плажите бидејќи можат долго да останат надвор од водата.

Како најотровна риба во светот и жител на Индопацифичкиот регион, камен-рибата претставува сериозна закана за невнимателните пливачи и нуркачи иако никогаш не напаѓа намерно.

Совршено е прилагодена за живот на морското дно. Нејзиното бодликаво тело е покриено со израстоци и алги, што ѝ овозможува совршено камуфлирање меѓу карпите и коралите.

Може да порасне до 40 сантиметри во должина и да тежи до два килограми, а на грбната перка има 13 отровни боцки кои содржат моќен невротоксин.

Може да се најде на длабочина до 30 метри на карпест терен или корални гребени. Интересно е што надвор од водата може да преживее и до 24 часа, што ја прави уште поопасна бидејќи луѓето случајно можат да ја згазат дури и на плажа, пишува во стручните написи.

Отровот од камен-рибата е еден од најсилните познати рибни отрови. Убодот може да предизвика:

– Екстремна болка
– Тешкотии со дишењето
– Парализа
– Шок
– Во екстремни случаи, дури и смрт

Во случај на убод се препорачува:

– Миење на раната со солена вода
– Потопување на повредениот дел во топла вода (45°C)
– Барање итна медицинска помош
– Примена на противотров во тешки случаи

И покрај тоа што е отровна, камен-рибата се смета за деликатес во некои делови на Азија. На пример, особено е ценета во јапонската кујна каде што се служи како сашими или во супа откако отровните жлезди внимателно се отстрануваат.

Се храни со помали риби и ракови, кои може да ги фати со неверојатна брзина, а главно е сама и е најактивна ноќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот