ВИДЕО | Калиопи во спомен на Марина Туцаковиќ: Ти благодарам за овие стихови, му благодарам на небото што душата ми ја допре

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната пејачка Калиопи Букле на својот инстаграм – профил сподели видео од нејзин настап на кој изведува песна чии стихови се напишани од најпознатиот југословенски, а потоа српки текстописец Марина Туцаковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Авторка на многу популарни хитови на музичари од поранешна Југославија ја изгуби битката со тешката болест, и почина на 67-годишна возраст,

Драга моја Марина… Длабоко во океанот, во најточните мисли… влегуваше со своите стихови во туѓите животи и таму остана… ти благодарам за овие стихови, му благодарам на небото што душата ми ја допре… твоето заминување е чиста НЕВИНОСТ, бидејќи живееше живот онаков каков што умеат да живеат само ретките билки… патувај мирно во светлината драга…, стои во описот на објавата на Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Туцаковиќ ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена откако ѝ се слошило во вторникот, 14 септември, кога била ставена на респирато, а притоа била позитивна на коронавирусот.

Марина напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Исто така, таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот