ВИДЕО | Калиопи и Американецот кој ја обожава македонската музика, ја испеаја во дует „Црно и бело“

Калиопи во дует/Instagram
Калиопи во дует/Instagram

Поп пејачката Калиопи има причина да биде среќна, нејзините песни стигнуваат до безброј фанови и надвор од Балканот. Таков е случајот и со едно младо момче од Америка кое деновиве е вирален хит на Тик Ток и исполнува песни од македонски пејачи.

Калиопи сподели на својот инстаграм-профил дуо видео во кое се гледа дека момчето со радост ја пее нејзината евровизиска песна „Црно и бело“ и заедно потпевнуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Таа под објавата напиша:

„Видеото од Тик Ток профилот на овој млад Американец го добив пред два дена, благодарение на моите фанови. Толку многу ми се допадна неговата изведба на „Црно и бело“ што ја искористив опцијата дует на неговата објава. Видеото предизвика лавина од лајкови и коментари кои не ги очекувава, бидејќи ретко ја користам оваа платформа – искрена е Калиопи.

На објавата со дуетот, коментираа многу пријатели и фанови на Калиопи, а пејачот Жељко Јоксимовиќ им испрати куп емотикони и срциња во знак на поддршка, додека водителката и писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ напиша „кралице моја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот