ВИДЕО | Калеска-Ванчева: Преку конкретни дела покажавме што значи вистинска заложба за жените во општеството

Снежана Калеска-Ванчева
Фото: СДСМ

Ние треба да го менуваме начинот на размислување, да се бориме против стереотипите, преку образованието, што е клучно, но и да креираме политики, не само на централно ниво, туку и на локално ниво, ако имаме вакви градоначалници ќе имаме вистински политики, а ако имаме други нема да ги имаме вистинските политики, порача претседатеката на Форумот на жени на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“ во Дојран.

– Изминатите години работевме многу, но и постигнавме многу, СДСМ е партија предвовник на концептот за целосна родова еднаквост, застапеност 50/50, партија која креира и спроведува политики кои значително помагаат во поголемата вклученост на жените во општествениот живот, истакна Калеска-Ванчева.

Таа додаде дека со последните статутарните измени СДСМ стана прва партија во земјава, прва партија во регионот и една од ретките партии во Европа која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата.

– Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Од 18 члена на Извршниот одбор на СДСМ 9 се жени, истакна Калеска-Ванчева.

Таа нагласи дека преку конкретни дела и политики покажавме што значи вистинска заложба за жените во политиката но и во општеството.

– Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, донесвме национален Национален акциски план за нејзина имплементација, кој забрзано се спроведува донесовме нов закон за прекин на бременоста, со кој ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје, го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација, рече Калеска-Ванчева.

Таа нагласи дека СДСМ и Форумот на жени активно работат на обезбедување на услови за подигнување на животниот стандард и финансиската независност на жените, подобрување на условите за работа на жените земјоделки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот