ВИДЕО: Какво богатство се крие во вилата на олигархот Дерипаска во Лондон?

Oлег Дерипаска
Oлег Дерипаска - Поддржувачите на Украина кои ја окупираа неговата вила / Колаж: СП. / Фото: ЕПА - Профимедиа

Група демонстранти, кои упаднаа во вилата на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Лондон и закачија украинско знаме и транспаренти против рускиот претседател Владимир Путин, ја снимија внатрешноста на величествената зграда, која се проценува на 59 милиони евра.

ФОТО: Вила на руски милијардер во Лондон окупирана од украински поддржувачи

На видеото се прикажани и луксузни парчиња мебел, како и клавир вреден 71.000 евра, слики вредни стотици илјади фунти и скулптура од Барбара Хепворт, која се проценува на 1,8 милиони евра.

Демонстрантите прошетаа низ седумте спални соби од вилата на Олег Дерипаска и сè снимаа со камера. Ова видео е редок увид во тоа како најбогатите луѓе во Русија живеат далеку од својата татковина.

Обиколката на куќата Белгравија, за која рускиот тајкун тврди дека му припаѓа на неговиот братучед, започнува во студија со маса од махагони покриена со шишиња со вода, канцелариски материјали и ѕидна уметност за која се верува дека е направена од италијанскиот футуристички сликар Џино Северини.

Во соседната дневна соба има полица за книги, античко огледало, два атласни глобуси, пиедестал за скулптура за која се верува дека е направена од британската уметница Барбара Хепворт.

Олег Дерипаска/EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во другата просторија е сместено пианото кое се е смета дека е 1880-тите и вреди 71.000 евра. Трпезариска маса сместена веднаш до пианото е вредна 59.000 евра

Во оваа куќа има кино сала со голема слика на Козак на коњ, за која се верува дека е дело на Франц Рубо, руски уметник од 19 век. Се проценува на 71.000 фунти.

Оваа вила, која има и парна бања, теретана и две кујни, важи за една од најскапите куќи во Лондон. Претходно беше во сопственост на сер Хенри Чипс Ченон, пратеник во британскиот парламент.

Шесткатната вила била во сопственост и на Сер Џон Мареј, британскиот државен секретар за одбрана и задолжен за колониите , до неговата смрт во 1846 година, а подоцна во оваа куќа била сместена и една државна иснтитуција . Објектот се наоѓа во една од најпосакуваните области во Лондон, во близина на десетици странски амбасади.

Демонстрантите кои упаднаа во вилата рекоа дека изгледа како имотот да е напуштен. Греењето е исклучено, фрижидерот празен, а струјата работи само во некои делови од зградата.

Дерипаска, кој минатата недела беше санкциониран од британската влада поради неговите блиски врски со Москва и рускиот претседател Владимир Путин, ги обвини британските власти дека биле главни налогодавачи за овој упад на демонстрантите

Група активисти претходно упаднаа во зградата и го исклучија алармот. Тие закачија украинско знаме и транспарент на кој пишувало „Овој имот е ослободен“.

Група од четворица мажи поминале околу 11 часа во вилата по што упаднала интервентната полиција и ги уапсила.

Демонстрантите упаднаа во вилата на мијлардерот во понеделникот / ЕПА-ЕФЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот