ВИДЕО: Каква сцена на натпревар од Лига Европа, дали некој нарача пица?

Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Една тотално комична ситуација се случи во Норвешка на вчерашниот натпревар од Лигата на Европа помеѓу Молде и Хофенхајм, каде што камерата фати човек кој доставува пица како гледа наоколу кому треба да му се достави храната.

Овој меч заврши 3:3, и освен што беше интересно на теренот во Виљареал (Шпанија), многу детали беа интересни и надвор од теренот.

Му се укажуваше помош на еден фудбалер, главниот судија стоеше веднаш до него, а потоа во 20 минута од натпреварот камерманот го „фати“ човекот доставувач кој се појави во позадина, а потоа „фрли“ поглед лево и десно за да го најде оној што ја нарачал храната со најверојатно пијалок „Кока-кола“.

Од толку многу настани на терен и возбуда – шест гола, еден поништен и еден промашен пенал – сигурно може да се изгладне.

На трибините поради ситуацијата со ковид-19 и натаму ги нема навивачите. Можете да погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот