ВИДЕО: Каков јубилеј на Кристијано Роналдо, дојде до бројката од 800 голови во кариерата

Кристијано Роналдо се поврзува со трансфер во Баерн Минхен/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо беше вистински херој во победата на Манчестер јунајтед над Арсенал од 3:2 со постигнати два гола. Првиот гол го постигна во 52 минута и тоа беше негов 800 гол во професионалната кариера. Подоцна од пенал го постигна 801 гол и му ја донесе победата над Арссенал.

Во дресот на Јунајтед кој го носеше од 2003 до 2009 година и повторно од оваа сезона Португалецот постигна 130 гола. За Реал Мадрид даде 450 гола, додека во дресот на Јувентус постигна 101 гол. За матичниот клуб Спортинг постигна пет гола, додека за репрезентацијата на Португалија даде 115 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот