ВИДЕО: Како се гради маркетинг агенција со светски успех во Македонија, разговор со Молеровиќ

Ненад Молеровиќ е Македонец кој се враќа од Америка каде што работел како дигитал маркетинг-директор во повеќе компании, меѓу кои и „UpWork“. Таму ја согледал потребата од премиум дигитал-маркетинг агенција, која ќе работи со дигиталните компании од Силициумската Долина, на начин каков се бара во 21 век. Се враќа во Македонија за да креира тим од маркетинг-експерти, кои би одговориле на овој предизвик. Така почнува приказната на „LeanSEM“, македонска маркетинг-агенција која веќе шеста година успешно работи за компании од Калифорнија, поконкретно од Силициумската Долина.
Како се гради маркетинг агенција со светски успех во Македонија? Зошто е LeanSEM различен од другите агенции? Како дојде до идејата дека е потребна ваква агенција? Како компанијата успеа да направи раст во време на ковид кризата?
Одговорите на овие и други прашања погледнете ги во видеото од разговорот со Ненад Молеровиќ, основач на маркетинг-агенцијата LeanSEM:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот