ВИДЕО: Како на филм – го опколија бродот и го пребараа, турската полиција заплени кокаин

Турската полиција заплени 220 килограми кокаин кој го пронајде на товарен брод од Бразил во јужниот турски град Мерсин.

Уличната вредност на оваа пратка е неколку милиони турски лири.

Обвинител од Мерсин изјави дека одделот за наркотици го водел претресот на бродот од Бразил и пронашол контејнер полн со хартија во чија внатрешност била скриена дрогата.

Двајца осомничени шверцери на дрога се уапсени во оваа акција на полицијата во Турција.

(Извор: AA Anadolu Agency)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот