ВИДЕО | Како до консолидација и редефинирање на фискалната позиција на државата, разговор со проф. Треновски

Неопходно ќе биде да се воведе корона данок, по примерот на воениот данок од 2001 година и радикално да се реструктуира стопанството, но и образованието кое треба да се прилагоди на новото време, новите технологии и трендови. Поуките кои веќе се гледаат и ќе бидат потврдени од анализите кои се прават и претстојат покажуваат дека пандемијата само го забрза процесот на промени кој ќе доведе до нова структура и промена на пазарот на труд. Некои професии ќе се засилат, ќе се појават и нови, а некои ќе изумрат, е ставот на професорот Борче Треновски.
„На почетокот на ковид кризата се формираше економски Совет во Владата и дискутиравме на кој начин може да и се помогне на економијата. Првиот пакет на мерки беше бледо најавен, стравот постоеше, бизнисмените не знаеа што да прават со вработените. Јас уште тога мислев дека секогаш на почетокот треба да бидете извесни и потезите треба да бидат толку силни што ќе ги стабилизира очекувањата. Една од стратегиите кои треба да се преземат е консолидација и редефинирање на фиксалната позиција на државата. Доаѓаме на границите на фискалната можност. Се уште стои неизвесноста до каде ќе одиме со ова криза. Економијата каска, треба да и се помогне, а даночните приходи се неизвесни односно фискално сме ограничени. Потребна е транспарентна политика на дефинирање – што е приоритет во моментот и да се објасни до каде е консолидацијата. Второ е неформалната, сива економија, имаме огромна загуба во тој дел“, вели Треновски.
Целиот разговор со професорот Борче Треновски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот