ВИДЕО: Кајри Ирвинг го сруши Бостон
Кошаркарите на Бруклин нетс го совладаа Бостон селтикс со 121:109 во дербито на вечерта во НБА лигата.
Предводник на Бруклин беше Кајри Ирвинг со 40 постигнати поени и осум скокови, додека Џејмс Харден постигна 22 поени за 25 триумф на нетси кои се втори во Источната конференција.
Во редовите на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 31 постигнат поен.
Лидер во Источната конференција останува Филаделфија која со 127:105 го совлада Чикаго. Во отсуство на првите ѕвезди Симонс и Ембид, Тобајас Херис со 24 поени и Двајт Хауард со 18 поени и 12 скока.
Мајами хит славеше во дербито на Флорида против Орландо меџик со 111:103 благодарение на одличната игра на Џими Батлер кој постигна 27 поени, 11 асистенции и осум скокови.
Далас маверикс не знае да победува кога во тимот го нема Лука Дончиќ. Оклахома сити тандерс го искористи отсуството на Дончиќ и го совлада Далас со 116:108.
Резултати:
Шарлот – Детроит 105:102
Бруклин – Бостон 121:109
Торонто – Атланта 120:121
Чикаго – Филаделфија 105:127
Мајами – Орландо 111:103
Милвоки – Њујорк 134:101
Њу Орлеанс – Минесота 105:116
Оклахома сити – Далас 116:108
ЛА Клиперс – Голден Стејт 130:104
Портланд – Феникс 121:127
Сакраменто – Хјустон 125:105