ВИДЕО | „Кај Петре да одите, пи*ка ви ма*ер“: Газдата на скопската галија на клоци ги избрка работниците

Работници ангажирани на рушење на галијата избркани од газдата на објектот/Фото: Фејсбук

Спирко Блажевски, угостител од Скопје, денеска објави видео од упад во галијата во реката Вардар која пред неколку месеци, по налог на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов почна да се руши и на својот Фејсбук профил се пофали со тоа како некој ги брка работниците, ангажирани за рушење на објектот.

На видеото се слуша како лице ги испрашува работниците преку која фирма се ангажирани, а тие му одговараат преку „Улици и патишта“. Потоа Блажевски ги убедува дека треба да си заминат од галијата бидејќи е негова сопственост и бара од нив да го кажат името на газдата од фирмата за која работат.

Збунетите работници не знаат што да му одговорат, а Блажевски дрско им се обраќа дека „Шилегов изгуби, пакувајте се и одете си! Ова е како дома да ми рушите, милион и двеста ме кошта ова“, им вели тој.

Тројцата работници тргнуваат кон скалите на галијата, а Блажевски замавнува со клоци и им се заканува со пцовки: „Кај Петре да одите, пи*ка ви ма*ер“.

Инцидентот се случил по 13 часот и засега нема информации дали е пријавен во полиција. Во септември кога започна рушењето на галијата дојде до партиски прекувања: „Рушењето на Галијата е изведено согласно сите правни услови и е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење“, реагираа од СДСМ. Претходно ВМРО-ДПМНЕ чинот го нарече „чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов“.

„Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво“, реагираа тогаш од опозицијата.

Инаку дислокација на галиите беше едно од главните ветувања на Шилегов во неговиот прв мандат, но рушењето започна на 18 септември годинава, откако претходно во неколку наврати се закануваше дека ќе го стори тоа поради тоа што сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создала можност да се раскине договорот.

ВИДЕО: Шилегов тврди, нема политика во одлуката да се отстрани галијата

 

 

 

 

 

 

 

Видео на денот