ВИДЕО| Напад на чеченската престолнина Грозни, Кадиров се заканува со одмазда

epa07922684 Head of the Chechen Republic Ramzan Kadyrov (R) attends a meeting of Russian President Vladimir Putin and Abu Dhabi's Crown Prince Sheikh Mohammed bin Zayed Al Nahyan (both not pictured) at the Qasr Al Watan palace in Abu Dhabi, United Arab Emirates, 15 October 2019. Russian President Vladimir Putin is on a state visit to UAE. EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Грозни, главниот град на Чеченската република, утринава беше цел на напад со беспилотно летало  Според чеченскиопт лидер  Рамзан Кадиров.  дронот бил пресретнат над касарната на специјалниот полициски полк.

Никој не е сериозно повреден“. Со полесни повреди се здобиле четворица чувари. Дежурниот персонал бил во заштитени простории во моментот на нападот“, напиша Кадиров, припишувајќи го нападот на Вооружените сили на Украина.

Експлозијата го оштетила покривот и ги искршила стаклата, додека од паѓањето на остатоците настанал пожар кој брзо бил изгаснат. Кадиров го опиша инцидентот како „бедна акција“ и рече дека тоа само ја зајакнало решителноста на Чеченија.

Тој се закани дека резервните сили од 84.000 доброволци се „подготвени за мобилизација“, ветувајќи: „За овие четворица ранети ќе елиминираме 400 украински војници“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 16 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени во текот на ноќта, вклучувајќи еден во Чеченија, три во Северна Осетија, четири во регионот Курск и осум над Крим.

Ова не е прв напад со дрон во Грозни. Минатата среда, на 4 декември, украинско беспилотно летало го погоди покривот на истата касарна на специјалниот полк и бензинска пумпа, при што беа повредени цивили.

 

Добро упатени извори во украинските специјални служби, кои анонимно зборувале за Киев пост, го потврдиле нападот со дрон. Сепак, тие посочија дека тоа најверојатно го извршиле Дагестанците, гаѓајќи го Универзитетот на руските специјални сили, истакнувајќи дека тоа би можело да биде „продолжение на претходниот конфликт со силите на Кадиров“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот