ВИДЕО: Јувентус слави нов тандем, Влаховиќ двоен стрелец против Сасуоло

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус денеска го совладаа Сасуоло на домашен терен со 3:0 во натпреварот од првото коло во италијанската Серија А.

Двоен стрелец за „Старата дама“ беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ од пенал во 43 и 51 минута од средбата на „Алијанц“ стадионот во Торино.

Асистент на вториот погодок беше Аргентинецот Анхел Ди Марија кој ја започна гол серијата во 26 минута по додавањето на Алекс Сандро.

Во следното коло Јуве на 22 август ќе гостува кај Сампдорија, додека Сасуоло два дена порано ќе го пречека Лече.

Претходно Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас стартуваше фуриозно со гостинскиот триумф против Верона (2:5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот